[ФОТО] Сопругата на Канје Вест се појави со деколте до папокот – контроверзен стајлинг којшто ги привлече погледите

Точка

11/04/2024

14:12

7.191

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, е сѐ поблиску до „гинисовиот рекорд“ по број на провокативни модни изданија кои ги носела во јавноста.

На синоќешниот роденден на американскиот пејач Тај Дол Сајн се појавила во најконтроверзниот фустан со деколте до папокот.

Како што може да се види, таа не ги покрила градите премногу. Некои ги потсетила на стилот на Ким Кардашијан, а нив две ги споредуваат откако се дознало за новата врска на контроверзниот рапер.


Канје Вест којшто најчесто носи црна облека, синоќа се појавил во бело модно издание и тоа во целосно обичен стајлинг, кога ќе се земе предвид неговиот стил иако е точно дека модните шокови во јавноста ги изнесува неговата сопруга. Дизајнерот ја претставил и новата фризура и изгледал прилично мрзоволно пред папарацо фотографите.

И Бјанка која неодамна се појавила во повеќе од контроверзно издание, била прилично нерасположена и изгледало како да оди многу внимателно во ризичниот фустан, но веројатно употребила лепливи ленти кои ѝ ја држеле облеката за кожа. Тие детали често ги користела и Ким Кардашијан.


Вест се однесувал прилично неџентлменски, па било забележано дека оди пред својата сопруга Бјанка.

Парот потоа се упатил кон забавата, а нејзиниот стајлинг без оглед на сеопштата голотија која владее на светската сцена и натаму е шокантен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг