ВИДЕО | Возач на рели трка во Хрватска удри во куќа покрај патеката

Фото: Screenshot

Трката од Светскиот шампионат во рели кој се одржа во Хрватска се најде во центарот на вниманието поради грешката на унгарски двоец кој заврши во куќа покрај патеката.

Унгарците невнимателно влегоа во еден свиок и неуспевајќи да го исконтролираат автомобилот скоро и без кочење удрија во еден од ѕидовите од куќа покрај патот.

Медиумите во Хрватска пренесуваат и дека не е првпат на оваа патека возач во овој дел да изгуби контрола и да удри во куќите. За среќа несреќата помина без последици и жртви.

На крајот победник на трката беше Французинот, Себастиен Оже.

@filipzvakanic Peugeot 208 Rally4 crash u hižu #wrc #rallycroatia #motosport ♬ original sound – Filip Čakanić

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот