Македонија
16. April 2024 - 19:52

Силјановска убедливо води во собрани донации

Кампањата на Сиљановска убедливо води според средствата собрани од донации. Во периодот пред стартот на кампањата па се до 14 април на сметката на штабот на Силјановска легнале 20 милиони денари или нешто над 325.000 евра. Станува збор за пари кои партијата ВМРО-ДПМНЕ и ги донирала за кампањата откако претходно ги собрала со донации на 526 физички и едно правно лице. Најголем донатор во ВМРО-ДПМНЕ е градоначлникот на Македонска Каменица кој во партиската каса ставил 565.000 денари од кои 50.000 се префрлени за претседателската кампања.. Следи партискиот потрпетседател Николоски кој уплатил 360.000 денари исто колку што уплатила и неговата сопруга. Останатите донатори се пратеници, граодначалници, истакнати партиски активисти кои донирале суми меѓу 100 и 200.000 денари. Како донатор се јавува и една фирма која донирала 600.000 денари од кои 50.000 се префрлени на сметката на кампањата на Силјановска. 

Имајќи предвид дека Пендаровски, Османи и Димитриевски доставиле празни извештаи, односно не собрале ниту еден денар од донации, втор на листата е Таравари. Собрал 520.000 денари од 5 физички лица. Околу 250.000 денари му донирала Алијанса за Албанците и уште 1.8 милиони партијата Алтернатива. Со тоа, вкупната сума која Таравари ја собрал од донации стигна до 42.000 евра

 следна на листата со најмногу собрани средства е кампањата на Ванковска. Левица собрала нешто над 17.000 евра од 26 различни донатори. Меѓу нив е и  Ванковска која на својата кампања и донирала околу 3.000 евра. По 2.500 уплатиле пратнеиците Крмов и Апасиев, а по околу 2.000 евра портапролот Мацановиќ и партискиот секретар Исмаил.

Стевчо Јакимовски е четврт на листата со собрани донации. Од 20 донатори собрал вкупно 930.000 денари од кои 150.000 денари сам си ги донирал

Согласно законот партиите се обврзани да ги објават своите донатори во првата половина од кампањата.