Регион

Србија: Употребата на пластични ќеси е намалена за 80%

22 апр 2024

 Употребата на пластични ќеси во трговијата во Србија е намалена за повеќе од 80 отсто. Според министерот за надворешна и внатрешна трговија, Томислав Момировиќ, ова е успех оти намалувањето е за помалку од една година.

Свесни сме колку е важно да се грижиме за животната средина, да го намалиме отпадот и да промовираме одржлив бизнис. Во изминатиот период работевме заедно на иницијативи кои ја намалија употребата на пластика и го намалија отпадот што се создава во малопродажната индустрија , изјави Момировиќ и нагласува дека е многу важно целиот синџир на снабдување да ги прифати новите трендови за кои е познато дека помагаат за зачувување на животната средина.

Според него сè повеќе се избегнува употребата на пластика, рециклирање, употреба на регенеративни и незагадувачки материјали, како и употреба на нови технологии.

Тој нагласи дека трговците треба постојано да бидат дел од дијалогот за новите модели на управување со отпадот, особено отпадот од пакување, бидејќи трговијата е мостот што ги поврзува производителите и потрошувачите.

Трговците на мало се тие што потрошувачите секогаш први ги гледаат и препознаваат кога се случуваат промени, истакна министерот Момировиќ.

Извор: Politika.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...