• Саше Љолес

Македонскиот прволигаш Беса 1976 се засили за остатокот од сезоната со Хрватот Никола Гавриќ, кој пристигнува од редовите на романскиот тим Виторул Таргу.
Управата на екипата од Добри Дол го објави трансферот и му посака добредојде на искусниот стопер кој би требало да претставува солидно засилување за ростерот на тренерот Горазд Михајлов.
29-годишниот Гавриќ ја започна кариерата во тимот на Франкавила, а потоа настапуваше за Новиград, Силема Вондерерс, Слобода Ужице, велешки Борец, Радник Сесвете, Опатија и Јадран од Пореч.
Беса ќе има задача да се избори за опстанок во елитното друштво, каде во есенскиот дел од сезоната освои само тринаесет бодови.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.