ВИДЕО Разбиена српско-унгарска криминална група дилери, запленета дрога вредна речиси 2 милиони евра

Минатата недела унгарската полиција разби српско-унгарска криминална група која се занимавала со шверц на дрога, при што биле приведени тројца Срби и еден Унгарец и запленети 27 килограми дрога во вредност од два милиони евра!

Полицијата во четвртокот соопшти дека оваа криминална група била под полициски надзор од летото 2023 година, а првото апсење било на 11 март на граничниот премин Хоргош-Реска кога Србин бил врзан со лисици. Потоа следел претрес на три локации во Будимпешта, претресени се два стана и една гаража, при што била пронајдена дрога вредна повеќе од 600 милиони форинти (над 1.500.000 евра). Станува збор за 20 литри масло од амфетамин и речиси 90 килограми марихуана.

Следеше уште една акција на 7 април, кога беа уапсени еден Унгарец и двајца Срби, а при претресот на имотот што го користеле, полицијата пронашла неколку килограми хашиш и кокаин, како и машини за фолија, дигитални ваги и најлонски кеси. Инспекторите од тројцата мажи заплениле вкупно 27 килограми дрога, чија вредност на црниот пазар е близу 150 милиони форинти (380.000 евра), се наведува во соопштението.

Полицијата ги сомничи уапсените криминалци за трговија со дрога, а сите четворица моментално се во притвор.

Едно лице во бегство

Полицијата во своето соопштение наведува и дека едно лице, унгарски државјанин, е во бегство и дека по него е распишана меѓународна потерница.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното