МВР и денеска ќе издава лични документи до 19 часот

МВР информира дека сите граѓани кои имаат поднесено барање за нови лични карти и кои им се готови истите ќе може и денеска да ги подигнат.

Граѓаните на Скопје ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици на територијата на градот.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 до 19 часот“, соопштија од МВР.