Барселона не се откажува: Правда за спорниот момент од „Ел Класико“ ќе бара и на суд

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Раководството на Барселона ќе ја тужи Фудбалската федерација на Шпанија за како што сметаат од клубот поради неправдата што им се случи на неодамна одиграното „Ел Класико“.

Во Каталонија сметаат дека се оштетени на гостувањето кај Реал Мадрид во ситуацијата кога Ламин Јамал шутираше и кога според нив топката ја поминала гол линијата.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави дека ќе ги побара видео и аудио снимките од ВАР собата за време на акцијата. Федерацијата тоа барање го одби и порача дека нема намера да направи исклучок за каталонскиот гигант

Поради тоа во Барселона сега сака преку суд да добие дозвола да им се предаде лентата. Најавите од Шпанија се дека клубот ќе ја тужи Фудбалската федерација на Шпанија до шпанскиот суд.

Ќе потсетиме, во шпанскиот шампионат нема гол-технологија како во останатите првенства и поради тоа може да се видат и вакви ситуации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот