Со ратрак евакуирани група млади од Попова Шапка

Попова Шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во мала куќичка во ски лифт на Попова Шапка, по што  биле евакуирани со ратрак. Лицата се во добра здравствена состојба.

– Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле на Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот „Г Стазата“. Поради лошите временски услови, силен ветер и снег и магла тие не можеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри – соопштија од ЦУК.

РЦУК Тетово ја известила полициската станица на Попова Шапка, од каде со помош на ратрак околу 16 часот младите лица биле симнати на безбедна локација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот