Османи најавува борд за ветинг на сите проекти, ќе гарантира дека нема да потпише ниту еден штетен закон!

Кандидатот за претседател од коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи најави основање на борд за валидација.

Тој ќе биде составен од домашни и меѓународни експерти, и ќе врши ветинг на сите проекти и закони за заштита на животната средина и ќе гарантира дека сите закони се одржливи.

Османи порача дека постои нераскинлива врска меѓу нашата околина и националната безбедност и ги повика сите да ја поддржат зелената агенда којашто ја става на прво место заштитата на животната средина. 

„Овој борд ќе гарантира дека нема да потпишам ниту еден закон што е штетен за животната средина. Не смее економскиот раст да биде на сметка на животната средина и идните генерации. Мора да оставиме не само европска и економска, туку и зелена и одржлива држава“, порача Османи, кој додаде дека ваквите заложби се во рамки на суспензивното право на претседателот да не потпишува закони.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното