Важноста на дигиталната трансформација во книгата „Дигитална ера“ од Санде Смиљанов

Важноста на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста, како и корисноста на дигиталната дипломатија и користењето на социјалните мрежи во дипломатијата се меѓу темите обработени во новата книга од доц. д-р Санде Смиљанов.

Важноста на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста, како и корисноста на дигиталната дипломатија и користењето на социјалните мрежи во дипломатијата се меѓу темите обработени во новата книга од доц. д-р Санде Смиљанов, насловена „Дигитална ера“.

На промоцијата што се одржи денеска во Кинотеката, за делото кое е издание на Интернационалниот Универзитет „Еуропа Прима“, Скопје, говореа рецензентите, проф. Јордан Плевнеш и проф. Љупчо Сотироски.

Плевнеш истакна дека доцент Смиљанов со исклучителна верба дека хуманизмот ќе победи во светската цивилизација ги протега своите анализи на светската геополитичка мапа од Силиконската долина во САД преку сите форми на сајбербезбедноста која се применува во сите лаборатории на светските велесили и историјата на нумеричката револуција.

Делото, најавува тој, ќе биде презентирано и во партнерските универзитети на Еуропа Прима во САД и во Франција како и на меѓународни конференции на односната тема и ќе претствува, како што рече, македонски прилог во глобалната сфера на истражувањето, но и во едукацијата на студентите во високото образование.

Според проф. Љупчо Сотироски, книгата претставува модерно структурираната аналитичка истражувачка концепција за сложеноста на светот на дигиталната ера и комплексноста на технолошкиот пејзаш кој постојано се развива. Книгата е, додава тој, перцепција на реални состојби на денешнината и логично го акумулира развојот на информациските и комуникациските технологии како посебен и неизбежен сегмент на дипломатските односи меѓу државите и меѓународните актери.

-Без разлика дали читателот е технолошки ентузијаст или вљубеник, бизнис лидер или дипломат, оваа книга дефинитивно е вистинско богатство на творештвото и практиката. Дигиталната трансформација се однесува на процесот на користење на дигиталната технологија за преобликување на деловните процеси, операции и корисничко искуство во согласност со променливата потреба на времето во кое што живееме, вели Сотироски.

Еден од најзначајните сегменти на вклучувањето на вештачката интелигенција во развојот на капацитетите за сајбер безбедноста е нејзината употреба на етички и морално правилен начин. Со тоа, додава тој, на едноставен начин авторот ја поставува важноста и корисноста на дигиталната дипломатија, концептите и улогата на социјалните мрежи во дипломатијата, промоцијата на кампањи преку социјалните мрежи и дигиталните алатки за кризна комуникација и одговорот на кризите кои што настануваат.

Авторот Смиљанов вели дека идејата за оваа книга произлегла од темата со лажните дојави за бомби што се случуваа во земјава.

Книгата е поделена во четири глави при што во првата глава се говори за дигиталната трансформација и сајбер безедноста, во втората „дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкруѓување во дигиталната ера“. Третата глава е посветена на „Основите на протоколот“ и во последната четврта глава тема е „Дигиталната етикеција“.

Лажните дојави за бомби кои се случуваа последните месеци во 2022 година и почетокот на 2023 во земјава но и во други држави од регионот, се сметаат за современи хибридни закани чија цел е дестабилизација за постигнување на политички цели.

„Дигитална ера“ е четврта книга објавена од Смиљанов.

Четири години по бегството од штипскиот затвор, кондовецот Агим Красниќи е уапсен во Косово

По четири години во бегство кондовецот Агим Красниќи е упасен во Косово кој се бараше со меѓународна потерница.

Полициски единици во петокот околу полноќ во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблици, при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Уапесни се четири лица, македонски државјани. Според информациите се работи за Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Фадил Точи и Сеад Рамадани Цапи.

Потврда добило и македонското министерство за внатрешни од Интерпол, потврдуваат за Канал 5.

Косовоската полиција соопшти дека тројца од нив се бараат за тепачка и пукање што се случило лани во Урошевац.

-Четири лица се спроведени во полициска станица, поради сомнение дека се барани лица, инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година. Лицето Б.К. македонски државјанин, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Македонија,--Полиција на Косово.

Агим Красниќи во 2008 година во Македонија беше осуден на 15 години затвор поради тоа што во 2005 година во неговото родно село Кондово со својата група подготвуваше напад на Скопје. Беше прогласен за виновен за серија кривични дела меѓу кои и изборни нерегуларности. По скоро 13 години поминати зад решетки, Красниќи избега по слободен викенд од штипскиот затвор каде ја извршуваше казната во 2020 година, на два месеци пред тогашните парламентарни избори.

Активна е и меѓународната потерница за Бесим Красниќи кој се бара за дела како кражба, разбојништво, предизвикување општа опасност, тероризам, насилство. И во потерницата за Фадил Точи се наведени тероризам, насилство, тргување со оружје и други дела. На сите им е определен 48 часовен притвор со цел спороведување на истрага. За екстрадиција на Агим Красниќи е рано да се одлучува со оглед на тоа што првин треба да одговараат за делата кои таму ги сториле, а потоа македонското министерство за правда да ја започне постапката.

Антикорупционерите будно го следат изборниот процес

Антикорупционерите будно го следат изборниот процес, тврди претседателката на ДКСК Татјана Димитровска. 

Од денот на распишувањето на претседателските и парламетнарните избори, Антикорупциска оформила вкупно 45 предмети за кои имаат сомневања дека се поврзани со коруптивни дејанија, а од државните институции добиле околу 400 барања за мислење што смеат, а што не смеат да прават за време на кампањата по што исто така се изготвени предмети, информираше Димитровска, во интервју за Радио Слободна Европа.

„ Офоремни се 41 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос. 21 предмет има оформено ДКСК по овој основ. Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети. “Татјана Димитровска – ДКСК.

Димитровска вели дека Антикорупциската комисија исто така ќе покрене иницијатива за утврдување на одговорност кај инситуциите во врска со постапката за прием на нови 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, откако Вишиот управен суд одлучи да ја одбие жалбата на Академијата со што постапката за полагање на испити и засновање на работен однос беше ставен во мирување се до завршувањето на изборите.

-Со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме.- Татјана Димитровска – ДКСК.

ДКСК по сопствена иницијатива во изминатиот период оформи два предмети. Едниот се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана, а вториот предмет за набавка на медицинските возила во Министерството од здравство.

Аналитичари: Реториката се заостри по првиот круг, Левица се најголемите губитници на 24 април

На три дена до двојните избори дел од политичките аналитичари во земјава ценат дека, иако на моменти имало црна изборна кампања, сепак генералната оценка е дека изборната реторика се одвивала во границите на очекуваното.

За некои пак преекспонирано било прашањето за уставни измени и европската иднина на земјата, а по резултатите од првиот круг се разгорела и меѓуетничката реторика.. Дел од познавачите велат дека најголеми губитници на првиот круг од претседателските избори биле СДСМ и Левица.

-Кој е најголем губитник, ако мислите на политичките партии, тоа е СДСМ со оглед на резултатот на кандидатот што го подржува нели за претседател. Левица не е фактор-партија која може значајно да влијае, поготово со своите радикални ставови, антиевропски и анти-НАТО, таа нема некои шанси да биде позначаен фактор,- -Никовски.

-Факт е дека појавата на Максим Димитриевски, на ЗНАМ направи еден пресврт во структурата на македонските политички партии и тука најголем губитник е Левица и мислам дека појавата на ЗНАМ е исклучително значајна бидејќи со своите досегашни политики, СДСМ покажа дека не е достоен за улогата која долги години ја имаше на македонската политичка сцена,- – Иванов.

Адвокатот Јанаки Митровски пак смета дека реториката на дел од партиите била клучна за изборниот исход...

-ДУИ и Левица, ДУИ кои што традиционално одат на предзнакот УЧК и со закани кои што стануваат се поотворени од Бујар Османи дека не може да има Влада без нив што не го пишува никаде и политичката партија Левица која што станува се поочајна и се повеќе игра на национализам бидејќи веројатно тоа им е последната сламка за спас,- Јанаки Митровски – Адвокат.

Дел од поранешните членови на Левица не се со големи очекувања на партијата на претстојните избори, причината за тоа ја гледаат во внатрешните поделби.

-Со оглед на тоа дека циркулираат слики како Апасиев стои до штанд за делење флаери, апсолутно Левица е најголемиот губитник, човекот во 2016, кога теренските активности се сведуваа на на објаснување дека партијата постои, тој не се појави на штанд, така што тие остварија резултат кој што е далеку од нивните очекувања. Сметам дека сликата од првиот круг е релевантна иако луѓе сакаат да си верглаат некоај реторика дека ќе се зголеми или намали, пред првиот круг очекував Левица да се бори помеѓу 8 и 12 мандати, сега мислам дека би биле пресреќни ако се 4,- -Бранко Ристов – Поранешен член на Левица.

Според дел од политичките аналитичари, првиот круг од претседателсктите избор е показател за тоа што може да се очекува и во среда, други пак велат дека не ништо завршено и дека граѓаните ќе имаат нова можност за одлуки.

притисни ентер