Даштевски за МТВ: Очекуваме цензусот да биде исполнет, обработени се 58% од избирачките места

Се уште немаме официјални информации додека не заврши гласањето, но очекуваме да биде исполнет цензусот за претседателските избори. Ова во изјава за Македонската телевизија го истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Тој истакна дека според досегашните информации од 58% од избирачките места, процентот на излезеност за претседателските избори до 18.30 часот е 46%, додека за парламентарните е 53% проценти.

Официјалната прес конференција на Државната изборна комисија е закажана за 19.30 часот.