Американскиот министер за финансии Скот Бесант оцени дека нема гаранции оти САД нема да влезат во рецесија, но оти економијата би можела да се стабилизира.

Тој во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека американската берза минатата недела се затвори со значителен пад на вредноста на акциите поради зголемената неизвесност предизвикана од честите промени во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и заканите за царини против најголемите американски трговски партнери.

Бесант одговарајќи на прашање дали може да гарантира дека нема да има рецесија додека Трамп е на власт, тој наведе дека нема гаранции.

Тој додаде дека Трамп спроведува силна, долгорочна политика што треба да ја ослободи земјата од огромните владини трошоци.


Администратор
17/03/2025 20:52