Може и без месо: Рецепт за вкусна зачинета чорба од компири

Точка

23/11/2022

21:00

12.192

Големина на фонт

а а а

Пилешкиот паприкаш е специјалитет на унгарската кујна, кој својата сладост ја должи на омилениот зачин, фината мелена пиперка, но ова јадење можете лесно да го подготвите во вегетаријанска варијанта - без месо.

Во зависност од вашиот вкус, чорбата од компири може да биде позачинета или поблага, а ако ја сакате зачинета, можете да додадете и кајен пипер.


Состојки за вегетаријански паприкаш:

- 2 лажици масло;
- 3 големи компири;
- 1 главица кромид;
- 3 чешниња лук;
- 2 лажици мелена слатка пиперка;
- 1/8 лажичка кајен пипер - по желба;
- 2 дл. супа од зеленчук;
- 1 дл. суво бело вино;
- 400 гр. домати;
- 1 лажица путер;
- 3 лажици кисела павлака;
- сол и црн пипер.


Подготовка:

Загрејте тава на средна топлина. Додадете масло и компири исечкани на коцки. Посолете и пржете три до пет минути. Додадете го ситно исечканиот кромид и пржете уште три минути додека не омекне.

Додадете го сечканиот лук, мелената пиперка и кајенскиот пипер, промешајте и веднаш додајте ја супата и виното за да не изгори пиперката. Измешајте ги доматите. Нека зоврие.

Додадете путер. Намалете го огнот на средна температура и варете непокриено 15 до 20 минути или додека компирот не омекне. Исклучете го шпоретот и измешајте ја павлаката. Пробајте и додадете сол и бибер по желба.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг