Времено ќе се затвори преминот Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија

илустрација / фото: Слободен печат

Патниот премин Неготино времено ќе биде затворен поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино.

Стојанов додаде дека во рамките на овој ремонт се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино и појасни дека за непречено извршување на градежните работи, потребно е целосно затворање на три патни премини.

– Патен премин на км.548+687 (Криволак), почеток на 28 март во 9.20 часот и крај на 29 март во 17.20 часот. Патен премин на км.537+114 (Кукуричани – влез во станица Кукуричани, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија), почеток на 29 март во 9.20 часот и крај на 30 март во 17.20 часот. Патен премин на км.536+301 (Кукуричани – 813м пред патен премин на км.537+114, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија ), почеток 30 март во 9.20 часот и крај на 31 март во 17.20 часот, информираше Стојанов, истакнувајќи дека информацијата се однесува на локалното население и претпријатијата, што ги користат овие патни премини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот