logo
logo
logo

Ужасна казна: По 20 удари со стап за две двојки, кои стапиле во интимни односи пред брак(ВИДЕО)

Vecer | 25.04.2024

Ужасна казна: По 20 удари со стап за две двојки, кои стапиле во интимни односи пред брак(ВИДЕО)

Како што објави „Дејлимејл“, тие ги прекршиле строгите закони за односи меѓу половите во најконзервативната провинција во земјата, која има над 275 милиони жители.

Провинцијата Ачех е единствената во Индонезија, најнаселената муслиманска земја во светот, каде што се спроведува шеријатскиот закон. Објавени се вознемирувачки фотографии од спроведувањето на страшната казна, која вообичаено ја спроведува шеријатската полиција „Вилајатул Хисбах“.

На фотографиите се гледа како казнетите жени клекнуваат со наведнати глави, додека мажите стојат додека ги удираат. По извршувањето на казната, на фотографиите се забележани повредите на еден маж. Властите го прегледале за раните и крвавите расекотини на грбот. Пред извршувањето на казната, на осудените им биле извршени лекарски прегледи при што им бил измерен крвен притисок.

Покраинската влада минатата година ги заостри и онака строгите закони за однесување на спротивните полови. На мажите и жените кои не се во роднинска врска или во брак им е забрането да бидат во близок контакт на јавни места или во транспорт. Целта на заострувањето на законот, како што објаснуваат надлежните, е да се формира генерација млади луѓе кои верно ќе се придржуваат до исламските вредности во секојдневниот живот.

- Мажите и жените кои не се во брак или роднинска врска не можат да седат заедно на јавни места, затскриени места или во возила, согласно законот.

Како дел од борбата против дружењето, властите, исто така, наредиле 24-часовните кафулиња да се затворат на полноќ, намалувајќи го најпопуларниот извор на забава во регионот. Градоначалникот на Банда Ачех, регионалниот главен град, предупреди дека ќе распореди шеријатска полиција за да обезбеди усогласеност со новите правила.

Со удари со стап се казнува за злосторства кои вклучуваат интимност или сексуална активност за невенчани парови, секс надвор од бракот, истополови сексуални односи, продажба и консумирање алкохол и коцкање. Камшикувањето долго време е јавен спектакл што се одржува на отворено. Со години, активистите за човекови права повикуваат на прекин на оваа нечовечка и понижувачка форма на казнување.

Организацијата за човекови права Амнести интернешенел изјави дека властите во регионот извршиле најмалку 60 јавни камшикувања на 254 лица во 2020 година. Во 2019 година, една жена и еден маж се онесвестиле за време на егзекуцијата со 77 удари со стап.

- Никој не заслужува да биде брутално понижуван на ваков начин. Камшикувањето е сурово, нехумано и понижувачко постапување и може да биде тортура - изјави Усман Хамид од Амнести интернешнал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk