Ѓорѓевски за ТВ 24: Треба се фокусира развојот на компаниите за да имаат силни инвестиции

Горан Ѓорѓевски, потпретседател на ССК во емисијата 24 анализа рече дека кај нас околу 15% од компаниите се производни, тие се есенција во нашето општество и тие креираат додадена вредност и создавачи на реалната вредност.

- Треба таму да се фокусира развојот во насока да им се овозможи на тие компании да имаат силни инвестиции, да им се овозможат финансии кои преку соодветни банкарски линии, кои ќе бидат подобри од сегашните, со подолгорочност на кредитите. Во банкарскиот систем го години наназад рочноста се движи околу десет години. Дадени компании што сакаат да инвестираат, треба да имаат 15, 20 години рочност кога имаат инвестиции во основни сретства. Да се знае декафинансиите ќе се враќаат и да да има ниски каматни стапки.- рече