На 26.01.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(33) од Куманово.Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26.01.2023 со уште едно лице од магацин на правен субјект на булеварот "Октомвриска револуција" во Куманово одзеле повеќе предмети со вкупна вредност од околу 20.000 евра.

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Администратор
27/01/2023 04:01