Возило удри во пешаци во Ерусалим, напаѓачите уапсени

22.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Возило удри во пешаци во Ерусалим, напаѓачите уапсени

Полицијата соопшти дека двајцата осомничени биле пронајдени откако побегнале од местото и се сокриле во близина на затворен бизнис.

Снимката од инцидентот снимена со камера за видео надзор и емитувана од израелските медиуми покажува како автомобил удира тројца Евреи. Две лица излегуваат од автомобилот со пиштол и се чини дека се обидуваат да пукаат, но набрзо исчезнуваат од кадарот на камерата.

Локалната полиција претходно соопшти дека „утринава околу 8 часот е добиена пријава за сообраќајна несреќа и повредени тројца пешаци на улицата Течелет Мордехај во Ерусалим“.

- Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, а потоа излегле од возилото и го впериле оружјето кон пешаците, но потоа побегнале и го фрлиле оружјето што го имале, соопшти полицијата на Ерусалим. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата