НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ИН

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Синоќа се одиграа два нови натпревари од плеј-инот, со што добивме уште еден учесник во плеј-офот на најсилната кошаркарска лига во светот.

Филаделфија 76ерс, која го совлада Мајами Хит со 105:104, се пласираше во плеј-офот, но ноќта целосно ја одбележа плејмејкерот на Чикаго Булс, Коби Вајт.

Вајт се истакна во победата на Булс над Атланта Хокс од 131:116 и успеа да го повтори подвигот на големиот Мајкл Џордан.

Вајт постигна 42 поена со 9 скока и 6 асистенции, а сето тоа го направи без ниту една загубена топка за 43-те минути на паркетот.

URL

Во историјата на Чикаго Булс само Џордан имаше натпревар без загубена топка, со повеќе од 40 поени и повеќе од 5 скока и асистенции.

Џордан имаше еден таков натпревар во сезоната 1988/1989 со 54 поени, 14 скока и 6 асистенции против Кливленд Кавалирс, а тоа го повтори пет години подоцна. Потоа постигна 52 поена, 9 скока и 5 асистенции против Шарлот Хорнетс. Сето тоа без изгубена топка.

Булс сега ќе играат во финалето на плеј-инот против Мајами, кој беше поразен од Филаделфија, додека сезоната заврши за Атланта.

Жоел Ембиид ја предводеше Филаделфија во плеј-офот со 23 поени и 15 скока, а одличен беше и Николас Батум со 20 асистенции.

URL

Во првото коло од плеј-офот Филаделфија игра против Њујорк Никс, додека победникот од дуелот помеѓу Булс и Хит ќе оди на најдобриот тим во лигата - Бостон Селтикс.

Од другата страна на плеј-оф костурот, западната страна, ривал во првото коло ја чека Оклахома, а тоа ќе биде победникот од дуелот меѓу Сакраменто Кингс и Њу Орлеанс Пеликанс.

Резултати :

Филаделфија 76ерс - Мајами Хит 105:104
Чикаго Булс - Атланта Хокс 131:116

URL
реклама

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе