logo
logo
logo

Општина Пустец туристичката сезона ќе ја отвори со „Преспа фест“

Vecer | 27.04.2024

Општина Пустец туристичката сезона ќе ја отвори со „Преспа фест“

Како што информираа од општината, во рамки на отворањето на туристичката сезона а во соработка со Управата на заштитените подрачја Корча, на 7 мај ќе се  организира активноста „Преспа фест“.

-На истата ќе бидат истакнати вредностите на културата, традицијата и кујната, со учество на фолклорни групи од Преспа и oд Македонија. Алтивноста ќе почне во 11 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец.  Со задоволство упатуваме покана до сите кои сакаат да бидат дел од оваа активност, заедно да уживаме во убавините на природата, вкусовите на традиционалното готвење и фолклорот на преспанскиот крај, додаваат од општина Пустец.

Општина Пустец ја сочинуваат 9 села, распослани на брегот на Преспанското Езеро, кое му дава посебна убавина на овој крај. На туристите им нуди бројни културни, природни и археолошки добра, поради што, последните години станува се попримамлива дестинација. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk