Вчера во Елисејската палата во Париз се одржа гала вечера во чест на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Франција. Домаќини беа францускиот претседател и првата дама на оваа земја Емануел и Брижит Макрон, а меѓу гостите беа Селма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино.
Средбата беше повеќе од срдечна, Емануел Макрон џентлменски ја бакна раката на Селма, а потоа актерката се бакна со Брижит Макрон. Потоа се поздрави и со претседателот и првата дама на Кина Пенг Лијуан, која покажа врвен моден стил.
Одличен стил покажа и Брижит Макрон, позната по добриот моден вкус, облечена во нежно син фустан со рамен крој, елегантни чевли кои беа целосно усогласени со чантата. Елегантната пунџа е нејзината омилена фризура за гала настани.
Салма Хајек се појавила во бордо фустан од лелеав материјал, стајлингот го комплетирала со сребрен накит и металик плико-чанта, додека нејзината фризура беше многу нагласена. Актерката сака да носи облека од ваков крој, а фризурата е интересна и од друга причина. Забележувате колку е затегната. Интересно е што оваа ѕвезда во една прилика изјави дека не оди на третмани со ботокс, туку дека така си ја тегне косата за да го „затегне лицето“. За тој ефект придонесе и нејзината шминка.
И Салма и Брижит беа добро стилизирани, но првата дама на Франција ја освои победата, гледано строго од моден аспект.