Вo текот на изминатата ноќ од 22 до 4 часот, полициски службеници на СВР Тетово при акциска контрола за санкционирање на возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол, санкционирале 21 возач од кои 14 во Тетово и седум во Гостивар.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, возачите се исклучени од сообраќај и изготвени се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај ова, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

Од МВР посочуваат дека во акциската контрола санкционирани биле и 25 други видови сообраќајни прекршоци од кои 18 во Тетово и пет во Гостивар.


Администратор
25/02/2024 22:14