Катја Кортез од Сиднеј, Австралија неодамна отворено ја сподели приказната за нејзината не толку ласкава работа и нејзините искуства додека го работи тоа. Имено, таа работи како ескорт дама и истакнува дека барем половина од нејзините клиенти се во брак. Убавата бринета исто така нагласува дека тоа не го гледа како неверство и не се чувствува виновна поради тоа.
"Би рекла дека околу 50 отсто од моите клиенти се во брак или во сериозна врска. Сепак, тешко е да се каже со сигурност бидејќи многу луѓе едноставно не спомнуваат дали се во врска или не. Други колешки ми велат дека речиси сите нивни клиенти се во брак“, изјавила таа за „Фемаил“.
Катја вели дека мажите кои се незадоволни од својот сексуален живот често избираат деловна придружба или ескорт дами бидејќи тоа е многу поедноставно отколку да се впуштат во афера. Попатните врски во бракот вклучуваат чувства и емоционален багаж, додека она што таа го прави е само на физичко ниво.
„Не сакам да кажам дека тоа е изневерување, бидејќи кога ќе ме види оженет човек нема романтични чувства. Доаѓаат кај мене зашто сакаат да се смеат, некој да ги пофали и да бидат задоволни“, вели и додава дека верува оти мажите генерално плаќаат за сексуални услуги од три причини.
Некои од нив минуваат низ тежок период во бракот и не мора да значи дека не ги сакаат своите сопруги, додека некои можеби не се задоволни од сексуалниот живот или не можат да ги исполнат своите фантазии.
Има и трета група оженети мажи - оние кои останале со своите сопруги само заради децата или финансиите.
„Жените треба да знаат дека сексуалните работнички не излегуваат да ги демнат оженетите момци и не ги присилуваме во нашите хотелски соби. Тие нè бараат доброволно. Ние не сме проблемот. Проблемите секогаш започнуваат дома. Не поттикнувам прељуба, но јас не верувам во моногамија, бидејќи повторно и повторно сум убедена дека вистинските верни партнери се ретки“, заклучила таа.