Бојмацалиев и Тошковски во клинч за личните документи

Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законски рок вели дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев. Тврди дека не е се во тоа да ги сликаат граѓаните, да им ги земат парите а да не добијат пасоши. Според Бојмацалиев, граѓаните чекаат два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале.

Политичарите да не расфрлаат пердуви и да не ја манипулираат јавноста, возврати техничкиот министер за внатрепни работи, Панче Тошковски. Според него, 3.000 патни исправи како обрасци уште вчера пристигнале и се наоѓаат во магацинот на МВР. Тошковски го покани Бојацалиев да го посети магацинот за да се увери дека патните исправи се таму.

Проблемот со личните документи беше видлив речиси во целата земја – граѓаните чекаа во редови и со часови за да дојдат до документ но за голем дел тоа беше неуспено. Народниот правобранител претходно побара решение за граѓаните кои во моментов немаат ниту еден важечки документ, а долго чекаат МВР да им издаде пасош или лична катра. За дел од граѓани и натаму трае бирократскиот кошмар за навреме да ги добијат личните документи.