ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.11.2022
Секојдневното консумирање кафе може да го намали ризикот од дијабетес?
Автор: Goce Author

Се чини дека навиката на многумина кои го започнуваат денот со шолја кафе може да има дополнителни придобивки освен будењето, а новото истражување кај жените вели дека може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.

Студијата, која беше објавена во The American Journal of Clinical Nutrition, опфаќа 4.522 учесници, а тие биле следени од 1991 до 2017 година. Проверките се правеле на секои две до четири години за да се разгледаат различни фактори како што се начинот на живот, исхраната – вклучително и консумацијата на кафе со кофеин и без кофеин, демографијата и болестите.

Photo by Clay Banks on Unsplash

Дополнително, биле земени примероци од крв од учесници кои не се дијабетичари помеѓу 2012 и 2014 година и биле анализирани за биомаркери на метаболизмот на гликозата.

Во текот на студијата, е откриено дека 979 учесници развиле дијабетес тип 2. Резултатите исто така покажаа дека редовното консумирање кафе со кофеин е поврзано со намален ризик од дијабетес тип 2.

Најскапото кафе на светот е всушност непотребна измама на индустријата за кафе?

Активната состојка во кафето е кофеинот, стимуланс кој може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Тоа е затоа што кофеинот ги блокира рецепторите на аденозин во мозокот, што го намалува нивото на инсулин и ја зголемува апсорпцијата на гликоза.

Истражувачите открија дека консумирањето кафе е поврзано со подобрен метаболички профил – што значи дека пиењето повеќе кафе може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2 со тоа што ќе ви помогне да одржите здрава тежина и ниво на крвен притисок.

Покрај тоа што делува како додаток во исхраната за дијабетес, докажано е дека кафето и кофеинот имаат неколку други здравствени придобивки, вклучувајќи го и намалувањето на ризикот од Паркинсонова болест поради антиоксидантите и намалувањето на ризикот од Алцхајмерова болест поради кофеинот.

Сепак, важно е да не претерувате бидејќи пиењето повеќе од четири шолји кафе на ден всушност може да биде штетно за вашето здравје и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и некои видови рак.

Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?
Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?