Русија планира да изврши серија диверзии и напади во Европа, предупредуваат западните разузнавачи

Русија знаме / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

 Специјалните служби на САД и повеќе западни земји ги предупредиле владите на ЕУ дека руските власти подготвуваат разни диверзии на територијата на Европа, објави синоќа лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на претставници на западните раузнавачки служби.

Според она што се дознава, Москва спрема акции за подметнување експлозивни направи, пожари и нанесување штети врз европоската инфраструктура изведени од свои агенти и лица од доверба.

Претставници на три земји од ЕУ изјавиле дека руските специјални служби и претходно вршеле слични операции во Европа, но дека сега се подготвуваат да дејствуваат поусогласено и агресивно.

-Сметаме дека е значајно зголемен ризикот од диверзии контролирани од Русија, изјави за весникот Томас Халденванг, шеф на федералниот орган за обезбедување на уставниот поредок на Германија.

Според него, Русија може „удобно да врши операции на европско тло со висок потенцијал на нанесување штета“.

Изјавата следи по апсењето во Германија на двајца наводни руски агенти кои планирале напади на германски воени и логистички објекти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот