Денес започнува манифестацијата „Сусурига 2024“-возобновување на вековниот обичај на кривопаланчани

Денес на 16 март (сабота), на Градскиот плоштад, со почеток во 18 часот, започнува манифестацијата „Сусурига 2024“-возобновување на вековниот обичај на кривопаланчани.

Манифестацијата е посветена на празникот Прочка, а целта е заживување на згаснатата традицијата за маскирање и ритуално палење оган, познато како  сусурига, назив  што се среќава единствено во  Крива Паланка.

На програмата е ревија на групни (маалски) маски на локалните групи, како и дефиле и настап на групите: Бамбурци од  Ратево, Берово, Џоломари од Манастирец, Росоман и Кукери од  Пиперков Чифлик, Ќустендил, Бугарија.

Специјални гости на вечерта  се членовите на групата „Паљачи“ од  Варна, кои ќе изведат атрактивно Огнено-светлечко шоу.

Целиот настан ќе се одвива под маски и ќе има забава за сите граѓани.

Градскиот маскенбал „Сусурига 2024“ е дел од манифестацијата  Крива Паланка –Град на културата 2024 , која ќе се реализира од мај до декември и која опфаќа над 50 атрактивни настани.