• Мартин Танасковски

Фудбалската селекција на Парагвај не учествуваше на планетарните собири во 2014, 2018 и 2022 година, но е на многу кратко растојание од планетарниот настан во САД, Канада и Мексико во летото 2026 година.
Црвено-белите триумфираа со 1-0 против Чиле во Асунсион во рамки на 13. коло од јужноамериканските квалификации, а стрелецот за големите три бода во 60. минута беше дефанзивецот на Хетафе, Омар Алдерете.
На пет кола до крајот на квалификациите, Парагвај има 20 бода, седум повеќе од Боливија, која е прва под линијата за директни квалификации. Со Парагвај на Светското првенство ќе се врати и девојката која ја оценија како најубава која се појавила на трибините на поновите шампионати.
Се работи за Лариса Рикелме, големиот фан на Парагвај. Последен пат во 2010 година таа ги полнеше насловните страници заради својот сексапил и убавина. Таа полека ги пакува куферите, се подготвува за СП 2026.