„Reading Rhythms” - читачки сесии во Бруклин

10.01.2024 12:29
„Reading Rhythms” - читачки сесии во Бруклин

Неодамна, во еден бар во Бруклин толпа луѓе се собрале на настанот насловен „Читачки ритми” (Reading Rhythms). Овој настан не се смета како „клуб на читатели”, туку повеќе како „забава за читање”.

Премисата е едноставна: појавете се со книга, прочитајте едно или две поглавја и разговарајте со непознати за она што штотуку сте го прочитале.

Присутните биле презадоволни од реализацијата на настанот, а секој од нив платил десет долари за влез. Она што дополнително ја потврдува заинтересираноста за ваква збава е податокот дека 270 луѓе биле на листата на чекање за влез во барот.

Ваквиот тип на забави се одржуваат на покриви, балкони и во барови. Само затоа што градот никогаш не спие, не значи дека не е преполн со луѓе кои сакаат да вртат страници во придружна тишина. Идејата за забавата со читачка сесија се појавила кога четворица пријатели во нивните дваесетти откриле заедничко чувство на тревога поради намалениот интензитет на читање книги. Причините биле очекувани: намалено внимание и фокус, премногу излегување и дружење, предолго користење на мобилните телефони.

„Поминав еден час во читање и се дружев со дел од моите најдобри пријатели, тоа се нешта што и инаку сакав да ги правам, иако за жал овој начин на дружење во денешно време многу ретко се практикува. Како и да е, не сакам да се откажам од оваа идеја, за мене е од големо значење одржувањето на традицијата на читање книги, особено меѓу младите луѓе”, вели Бен Бредбери, еден од организаторите на овој настан.

Извор: https://www.instagram.com

ОкоБоли главаВицФото