20 Мај, 2024
0.0277

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

По повод деветгодишнината од Диво Насеље, се огласи Стојанче Ангелов кој вели дека за инцидентот предупредил, но никој не го сфатил сериозно.
9 ГОДИНИ ОД КРВАВОТО „ДИВО НАСЕЉЕ“

На денешен и утрешен ден, 9 и 10 мај 2015 година, во полициската акција во кумановско Диво Насеље во борба против исклучително опасна вооружена терористичка група составена и подржана од десетици албански екстремисти, криминалци и платеници од Македонија и Косово, осум припадници на македонската полиција загинаа а 42 беа ранети.

Групата претходно, на 21 април 2015 година, ја нападна караулата Гошинце на границата кон Косово, по што, оружјето кое го одзела од караулата го искористи во вооружениот напад врз полицијата во Куманово.

Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување јавно кажано на протестите пред македонската телевизија еден месец претходно, на 4-ти април 2015 година.

Меѓу другото акцијата во Диво Насеље докажа дека процесот на помирување помеѓу Македонците и Албанците, со сите недостатоци и потешкотии, течел и во тој период бидејки локалните Албанци не дадоа подршка на терористите додека Албанците од македонските полициски единици, рамо до рамо со своите соборци Македонци, се бореа против терористите.

За жал, до ден денес, не се расветли ниту докажа кои беа инспираторите на овој крвав чин, кои беа нивните вистински мотиви, каков беше нивниот оригинален план и дали, кога и каде изгубија контрола врз првичниот план?

Во оваа валкана вооружена дводневна борба загинаа македонските херои:

Љубиша Аранѓеловиќ (49), од Скопје,

Бобан Ивановиќ (47), од с. Стајковци, Скопје,

Горан Стојменовиќ (45), од Миладиновци, Скопје,

Горан Илијевски (41), од Гостивар,

Жарко Кузмановски (34), од с. Брвеница, Тетово,

Сашо Самојловски (33), од с. Брвеница, Тетово,

Исамедин Османи (32), од с. Студеничани, Скопје,

Ненад Серафимовски (28), од с. Зубовце, Гостивар.

Нека им е вечна славата!“, напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција