Регион

БиХ: Подготвен е теренот за изградба на „Лидл“ во Мостар

04 апр 2024

Наскоро во Мостар ќе започне изградбата продажниот објект на трговскиот синџир „Лидл“.  

Темелите се готови, а подготвен е и теренот за изградба на препознатливиот објект покрај реката Неретва.

 Од „Лидл“ за „Кликс.ба“ потврдиле дека конкурсот за изведувач на работите е во тек, а после тоа ќе следуваат понатамошни активности и потпишување на договор за почеток на изградбата на објектот.

 Продажниот објект ќе биде изграден на локацијата каде што порано беше гигантот „Житопромет“, а во склоп на изградбата на новиот стамбено – трговски комплекс „Проект Ц2“, кој вклучува изградба на две станбено деловни згради на десниот брег на Неретва, кај новиот Студентски мост кој што е дел од магистралата низ центарот на градот.

 Според најавите, „Лидл“ ќе има продажни објекти низ Босна и Херцеговина и тие би требало да бидат во сите места кои имаат над 30.000 жители, а се планира да бидат инвестирани околу една милијарда км и да бидат вработени околу 2.000 луѓе.

 „Лидл“ во БиХ е регистриран уште во 2021 година, а во тој период до денеска германската компанија ангажирала над 100 работници  и на крајот на 2022 година во оваа држава го зголемила својот капитал на речиси 100 милиони км.

 Компанијата започна со изгадба и на голем логистички центар во Лепеница кај Кисељак и започна со изградба на маркети во Сараево, Грачаница, како и  изградба на продажен објект во Бјелина.

 

 

 

Извор: eKapija

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...