Рубрика: Електротехника
Денови на електротехниката во СЕТУ Михајло Пупин
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 05.05.2023 - 16:30

Средното електротехничко училиште “Михајло Пупин” Скопје“ и оваа година традиционално ја организираше активноста "Денови на електротехниката” на која учество зедоа Вкупно 66 ученици од 22 училишта од цела Македонија, кои се натпреваруваа на тема електротехника по предметот физика.

Манифестацијата “Денови на електротехника“, што ја отвори градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, има за цел да ја промовира електротехничката струка и средното стручно образование. „Деновите на електротехника“ траат од 2 до 6 мај. Финалето на натпреварот по физика се одржа во најсовремена лабораторија по електротехника со професионална опрема, а резултатите од натпреварот можете да ги погледнете тука

Во рамки на манифестацијата реализирана е и посета на хидроцентралата Матка и Изложбениот центар Матка – единствениот едукативен центар во Македонија што се занимава со енергетски теми. Во него посетителите, преку современи интерактивни методи, можеа да научат повеќе за електричната енергија, нејзината историја, производството, преносот и користењето.

Целта на манифестацијата “Денови на електротехниката” е промовирање на електротехничката струка и средното стручно образование. Токму затоа финалето на манифестацијата е планирано да заврши со Отворен ден, во сабота 6 мај, на којшто сите заинтересирани од 10 до 14 часот ќе можат да дознаат повеќе за Средното електротехничко училиште “Михајло Пупин” Скопје и образовните услови што ова школо ги нуди.

Клучни зборови: