Ново поскапување на цените за дел од траектите во Грција

За четири до осум отсто се зголемени цените на билетите за дел од траектите во Грција, главно на оние од атинското пристаниште Пиреас, што е дополнително покачување на и онака зголемените цени, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА пишува дека од лани билетите за траектите се зголемени за околу 25 до 34 отсто.

Поконкретно, согласно податоците што ги објавува грчката новинска агенција, од вчера билетот од Пиреа до островот Миконос од 48,50 сега чини 52,50 евра, за Наксос од 48 евра е 51,50 евра, за Парос од 46,50 евра е 50 евра, за Иос од 50 евра е зголемен на 54 евра.

За патување од атинското пристаниште Рафина, цените на билетите се непроменети.

Станува збор за трето поскапување на цените во изминатите месеци. Првото беше во април, второто на средината на јуни, а третото важи од вчера.

02.07.2022 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега