Русија побара санкции за Израел

Односите помеѓу Руската Федерација и Израел очигледно дека се на многу ниско ниво, а причината за тоа е интервенцијата на израелската војска во Појасот Газа, но и воените дејствија преземени против Иран.

За тоа каков е односот на двете земји, покажа и потегот на рускиот претставник во Обединетите нации, кој ја напушти салата за заседавање во моментот кога започна излагањето на израелскиот амбасадор.

Ден претходно емисарите на Москва во ОН, побараа санкции за Израел.