ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се најдоа среде изборен молк, а изборите се неизбежна тема во последно време, па мораа да одат од околу. Освен констатираната здодевност на претседателската кампања воопшто, двајцата „политиканти“ се „произнесоа“ во свој стил за претседателската дебата. Онаа маратонска, со сите седум кандидати.

Дали воопшто кандидатите и партиите имаат корист од кампањите? Колку нивните пораки допираат до оние кои се изјаснуваат како неопределени или велат дека не знаат за кого ќе гласаат? Како партиите да ги „извадат“ на гласање оние кои можеби би гласале за нив? Кои се алтернативните методи за гласање, различни од одење до гласачката кутија?

На овие претседателски избори имаме седум кандидати. Никој не може да каже дека немал избор па не излегол на гласање. Дали тоа ќе биде така или на луѓето ќе им биде тешко да облечат чевли и да појдат да гласаат?

Претседател да се бира на непосредни избори или во Собрание? – Орданоски и Јовановски со различно мислење и различни аргументи. Колку е битно да се сослушаат аргументите на другиот покажува еден модел на т.н. Граѓански собранија што се применува во европските демократски земји. Како функционира тој модел и кои се придобивките?

Бидејќи на сила е изборен молк, ама не е молк пред избори за градоначалник, Сашо и Борјан овој пат решија да поразговараат – малку сентиментално, малку аналитички – за Скопје. Што има, а што нема Скопје а би требало да има? И што има Скопје, а не би требало да има? Зошто не го продаваме наративот за Скопје? Зошто не се фалиме со историјата на Скопје? Зошто не си ги користи шансите што му се дадени?

За овие работи и многу повеќе во новото издание на подкастот „Политиканти.мк“ на Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот