ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2024
Адвокатот Јанаки Митровски кој деновиве е актуелен заради фејсбук препирања со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се огласи околу тоа зошто Апасиев и Ванковска ја напаѓаат кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
„Гога во 2019та им беше супер на Апасиев и Ванковска. Дури, меѓудругото, поддршката на Левица за Силјановска беше и причина за поделбата во Левица. Ванковска не штедеше комплименти за Гордана и не го криеше пријателството.
Денес Гога, откако не им испаднаа проекциите за 100.000 гласови, не чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин. Јбг, политика е грда работа, а фрустрации се зае*ана ствар.
Да не заборавиме дека во 2019та судството на Заев му ја даде Левица на тацна на Димитар. Дојде време да се враќа долгот!“, напиша тој на фејсбук.