Путин нареди воени вежби на тактичко нуклеарно оружје

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Русија денеска соопшти дека ќе одржи воена вежба која ќе вклучи вежбање на употреба на тактичко нуклеарно оружје по „провокативните закани од западните претставници“, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Министерството за одбрана соопшти дека вежбата е наредена од претседателот Владимир Путин и ќе ја тестира подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени мисии.

Воените вежби ќе опфатат вежбање на подготовка и распоредување за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана.

Ќе учествуваат ракетни формации во Јужниот воен округ и поморските сили.

„За време на вежбата ќе се спроведат низа мерки за вежбање на подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти Министерството за одбрана.

Русија го има најголемиот арсенал на нуклеарно оружје во светот, а вежбата има за цел да го обезбеди територијалниот интегритет и суверенитет на Русија „како одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни претставници против Руската Федерација“, соопшти Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот