logo
logo
logo

Кошмарен почеток на подготовките, Гвардиола ќе остане без еден играч!

Vecer | 20.07.2023

Кошмарен почеток на подготовките, Гвардиола ќе остане без еден играч!

Фудбалерите на Манчестер Сити ги започнаа подготовките за новата сезона во која ќе ги бранат речиси сите трофеи. Сепак, за Пеп Гвардиола не започна се така добро бидејќи еден од првотимците го повика на разговор за да му каже дека сака да го напушти клубот и дека веќе ја донел својата одлука.

Познато е дека долго време се шпекулира дека Кајл Вокер би можел да го напушти Манчестер Сити ова лето, иако Гвардиола е против тоа. Вокер не игра толку многу како порано, но Пеп го смета за многу важен член на тимот и не сака тој да си замине.

Англискиот репрезентативец признал дека веќе донел одлука и дека сака да замине во Баерн и дека се надева дека Гвардиола нема да му направи проблем бидејќи е свесен дека не сака така лесно да го пушти.

Вокер ги договорил сите услови со Баерн, но клубовите се уште не се договориле за обештетувањето и се очекува Гвардиола да даде зелено светло за заминување на искусниот десен бек.

Подготовките за Пеп не започнаа баш најдобро бидејќи тој не очекуваше дека првиот ден ќе остане без важен првотимец. Но, се чини дека Вокер нема да има никакви проблеми и дека Англичанецот наскоро треба да потпише договор со Баварците.

Тој во Баерн ќе остане до летото 2025 година со опција за продолжување на уште една сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk