Никола Ѓоргиев со АЦХ Волеј ја освои титулата во словенечкиот шампионат

фото: принтскрин/instagram.com/nikola_gjorgiev/ach-volley.si

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргиев (35) со АЦХ Волеј успеа да стане шампион оваа сезона во најдоброто словенечко одбојкарско првенство.

Во Љубљана екипата на АЦХ Волеј триумфираше со резултат 3:2 во сетови 30:28, 24:26, 25:20, 22:25 и 15:12 против Калцит Камник во третиот финален меч.

По 20 пат во својата клупска историја АЦХ Волеј доаѓа до титулата шампион на Словенија, трета во низа.

За АЦХ Волеј ова е прв трофеј оваа сезона, претходно Калцит Камник успеа да ги освои титулите во Централната европска лига и домашниот куп.

Ова лето еден од нашите најискусни одбојкари Ѓоргиев со националниот тим го очекува настап во Златната Европска лига, како и квалификациите за Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот