Партиите на Македонците, Власите, Ромите и Египќаните во Албанија со заедничко барање за измена на изборниот законик за гарантирани пратенички места

Денеска, во Тирана, партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како и партиите на Власите, Ромите и Египќаните, обединети во заедничкиот стремеж за подобрување на демократијата и заштита на правата на малцинствата, поднесовме барање до групата за дијалог при албанското Собрание, која е надлежна за подготвување на новиот изборен законик. Нашето барање е да се вклучат гаранции за загарантирани места на малцинствата во парламентот во новиот изборен законик. Сметаме дека малцинствата се богатство на една земја и заслужуваат почит и заштита на нивните права.
Истото барање го поднесовме и до меѓународниот фактор во Албанија, бидејќи сметаме дека поддршката на малцинствата е важен дел од изградбата на посилна и поинклузивна заедница. Заедно се бориме за посилна и поинклузивна Албанија!
Advertisement