Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“, по што го напушти местото на несреќата.
Се работи за 12-годишно момче, кое се здобило со полесни повреди во ногата.
Од СВР Скопје за „Макфакс“ потврдија дека несреќата се случила на крстосница од улиците Московска и Женевска, а случајот бил пријавен вчера во 15 часот.
Пешакот потоа бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата извршила увид на местото и трага по возачот на автомобилот.