Над 30 руски проектили истрелани врз Украина

Фото: Profimedia

Руска ракета утрово погоди деловна зграда во областа Холосиев во Киев при што загина најмалку едно лице, а уште две се повредени, јави Киев Пост повикувајќи се на градоначалникот на Киев.

Украинската воздушна одбрана утрово пресретнува руски напади откако московските сили истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина, соопшти украинското воздухопловство.

Портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат на украинската телевизија изјави дека околу шест руски авиони Ту-95 „полетале од рускиот регион Мурманск и лансирале проектили”.

– Очекуваме повеќе од 30 проектили, кои веќе почнаа да се појавуваат во различни региони, рече Ихнат, додавајќи дека украинската воздушна одбрана работи на пресретнување на нападите.

Некои проектили го погодија западно-централниот украински регион Винитсија, соопшти гувернерот Серхиј Борзов на Телеграм, но нема информации за жртви.

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, исто така на Телеграм соопшти дека повеќе од 15 крстосувачки ракети биле лансирани „во правец на Киев” и сите биле соборени.

Соборени руски ракети низ цела Украина

Киев запнал за „леопарди“ но нема да одбие ни „абрамс“

Киев запнал за „леопарди“ но нема да одбие ни „абрамс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот