Група експерти го презентира финалниот извештај за обвинувањата против УНРВА

22.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Група експерти го презентира финалниот извештај за обвинувањата против УНРВА

Пред еден месец беше објавен привремен извештај, кој сведочи за добрата работа на организацијата, но и ги идентификува „критичните области кои сè уште треба да се решат“. Тогаш не беа дадени детали, потсетува ДПА.

Независната група, предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, беше формирана на почетокот на февруари.

УНРВА веќе некое време е цел на напади и истраги откако Израел обвини десетина нејзини вработени дека се вмешани во терористичките напади извршени од палестинското исламистичко движење Хамас на 7 октомври.

Неколку вработени беа отпуштени по обвинувањата, а некои западни земји привремено го прекинаа финансирањето на хуманитарната организација, вклучително и двата најголеми донатори, САД и Германија.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети сеопфатна истрага и појаснување. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата