Мицкоски не го прифаќа условот од Вреди – „уставни измени“ за коалиција

Мицкоски , кампања Фото: Фејсбук Мицкоски

Резултатите од 24 април се повеќе од јасни и се гледа опозициското расположение кај граѓаните. Пораката од народот е дека досегашната влада треба да оди во опозиција, а на коалицијата „Вреди“ треба да ѝ се даде шанса.

Ова е порака од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Одговарајќи на прашањето зошто без да ги почека резултатите од парламентарните избори на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ ја избра коалицијата на опозициски партии на Албанците „Вреди“ за партнер во идна влада, Мицкоски вели дека ДУИ е веќе 20 години на власт.

Мицкоски вели дека ако оалицицијата Вреди постави услов за формирање влада, а тој услов како што велат да се уставните измени, вели дека нема да го прифатат.

Не, не, сè е можно. Сè е можно после изборите да се случи. Ние зборуваме низ призма на дневна политика. Од денеска како стојат работите. Инаку, после изборите, ако има таков услов, ние нема да го прифатиме, затоа што ние имаме јасна позиција поврзана со тој процес. Да, ние сме за продолжување на евроинтегративниот процес, тука нема никој дилема. Тоа е во суштината, тоа е темелот на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Грешките се направени од страна на претходната влада. Ние немаме намера тие грешки да ги прифатиме, не ги игнорираме бидејќи тие постојат, тука се во собата, затоа сакаме да имаме појасна и многу попрецизна позиција во однос на тие евроинтегративни процеси. Да видиме што, во суштина, има план за нас Европа. Дали воопшто има план за нас Европа. Треба да видиме, да бидеме појасни затоа што вака ова е повторно магловито“, вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот