Кралицата Летиција има 51 година и тело како дупло помладите девојки: За да изгледа вака се придржува до оваа исхрана

Точка

27/04/2024

15:30

10.213

Големина на фонт

а а а

Многумина се прашуваат како се храни кралицата Летиција за на 51 година да изгледа како девојка, а нејзината исхрана е многу едноставна.

Кралицата Летиција има 51 година и тело како дупло помлада девојка. Имено, нејзиното последно појавување во јавноста предизвикало големо внимание, а многумина коментирале дека кралицата никогаш не изгледала подобро.


Тајната на нејзината совршена линија и виталност лежи во правилата на доктор Николас Периконеа, а благодарение на него има совршена телесна тежина која низ годините само ја одржува. Овој план на исхрана е многу едноставен и ефикасен.

Периконеовата диета се базира на внесување три вида намирници: свежа риба, зеленчук богат со железо и храна која изобилува со протеини.

Сите кои ја применуваат оваа исхрана мора да пијат и по три литри вода дневно, а кралицата со задоволство водата ја заменува со зелен чај. Ваквата исхрана има и подмладувачко дејство, а не влијае само на слабеењето.


Појадокот во оваа диета е најважниот оброк во текот на денот, а Летиција главно одлучува да јаде омлет со три јајца или парче лосос. Доколку е многу гладна јаде и парче леб, но многу ретко.

За ужина консумира јаткасти плодови, јогурт или маслинки. Ручекот се состои од 200 грама пилешко или мисиркино месо или риба на жар, со многу зеленчук.

За вечера најчесто јаде парче сирење и многу зеленчук.




Спонзорирани линкови

Маркетинг