logo
logo
logo

Тен Хаг: Немавме среќа со судењето во последниве недели

Vecer | 28.04.2024

Тен Хаг: Немавме среќа со судењето во последниве недели

Холандскиот стручњак смета дека на натпреварот од 35. коло на Премиер лигата против Барнли, главниот судија Џон Брукс требало да досуди неколку пенали во корист на Манчестер Јунајтед. Мечот заврши 1:1, Јунајтед поведе со голот на Антони, негов прв во Премиер лигата оваа сезона, а изедначи Амдуни од пенал во 82 минута.
Немавме среќа со судењето во последниве недели. Колку пенали не беа свирени за нас… Овој за Барнли беше оправдан, но од друга страна, видов уште две или три ситуации за пенал во наша полза.
Истото се случуваше и на мечот од полуфиналето на ФА Купот (против Ковентри). Некои од пеналите свирени против нас во последните недели беа многу контроверзни“, рече Тен Хаг.

Тој додаде дека тимот допрва треба да размислува за својата игра.
Мораме да се погледнеме во огледало. Направивме грешка што доведе до резултат 1:1. Многу сме разочарани од самите себе“, додаде Холанѓанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk