На која возраст некој се смета за стар? Еве што откриja истражувачите

Фото: Pexels / cottonbro studio

На која возраст некој се смета за стар? Ова е прашање кое многумина си го поставуваат, а тим германски научници се обиде да го открие одговорот.

Тие ги проучуваа податоците од 14.056 луѓе на возраст од 40 до 85 години, кои постојано пополнувале прашалници во период од 25 години, и открија дека перцепцијата за возраста се менува со возраста, пишува „Гардијан“.

„Треба да бидеме свесни дека концепцијата и перцепцијата за ‘староста’ се менувала низ историјата, како и дека луѓето имаат различни ставови за староста во зависност од нивната возраст, општеството во кое се родени и сопственото здравје“, рекол д-р Маркус Ветштајн, коавтор на студијата и истражувач на Универзитетот Хумболт во Берлин.

Ветшајн и неговите колеги спроведоа студија во која беа користени податоци за луѓе родени помеѓу 1911 и 1974 година, кога биле на возраст меѓу 40 и 100 години.

„Луѓето родени во 1931 година мислеа дека староста започнува на 74 години кога имаа 65 години. Оние кои се родени во 1944 година на 65 години мислеа дека староста започнува на 75 години“, објаснил Ветштајн.

Сепак, оваа перцепција се чини дека се стабилизираше бидејќи иако луѓето родени во 1935 година чувствуваа дека староста започнува подоцна од оние родени помеѓу 1911 и 1934 година, не постои значајна разлика помеѓу оние родени помеѓу 1936 и 1951 година и помеѓу 1952 и 1974 година. Исто така, како што луѓето стареат, тие ја зголемуваат старосната граница нагоре.

„Ова има врска со тоа што многу луѓе не сакаат да бидат стари, па ја одложуваат ‘староста’. Може да се поврзе и со стереотипите поврзани со возраста“, додал Ветштајн.

Според студијата, средовечните и постарите луѓе веруваат дека староста започнува подоцна отколку што веруваат нивните врсници пред една или две децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот