Регион

Србија: Се ограничува увозот на масло и маргарин

12 мар 2024

Српската влада донела одлука за квантитавно ограничување на увозот н а земјоделско – прехранбените производи, за да го заштити домашното производство и примарните произведувачи, а се одлуката се однесува за квартални дозволи за увоз на сончогледовото масло и маргаринот.

Ограничувањето на увозот за земјоделско – прехранбените производи ( сончогледовото масло и маргаринот), ќе важи девет месеци и тоа во висина на просечната увезена количина во претходните четири години, соопштуваат од владата.

 Од први март, исто така стапи на сила уредбата за ограничување на висината на цените на брашното тип 400 и за пет килограми од брашното тип 500, со која се пропишува дека секој трговец смее на потрошувачот во поединечно купување да му продаде максимум до пет килограми од двата типа на брашно.

За прекршувањето на уредбата се пропишани парични казни за правните лица и претприемачите, кои се движат од 5.000 до 2.000.000 динари, а ќе може да се изрече и мерка за забрана за вршење на одредена дејност во траење од шест месеци до една година.

Оваа одлука се донесува со цел да се спречи отстранувањето на штетните последици од промените на пазарот во однос на снабдувањето, ограничувањето на производните цени и цените во малопродажбата и големопродажбата на основните животни намирници.

 

 

 

 

Извор: Danas.rs

Фото: Принтскрин -youtube



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...