Палестинскиот премиер поднесе оставка

26.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Палестинскиот премиер поднесе оставка

Штајех рече дека поднел оставка за да изгради поширок консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

Потегот доаѓа во време на зголемен притисок на САД врз палестинскиот претседател Абас да ја реорганизира палестинската самоуправа во време кога се интензивираат меѓународните напори за прекин на борбите во Појасот Газа и почеток на работа за создавање политичка структура за управување со енклавата по војната. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата